Велигден

Денеска е Велјасабота, ден на исчекување, денот меѓу смртта и воскресението

04.05.2024 14:28

Велика сабота – ден помеѓу смртта и воскресението. Православните христијани во исчекување на радосната вест. Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија повика на надминување на сите духовни и национални искушенија и предизвици...

Православните храмови ги отворија вратите за верниците. Велјасабота, ден меѓу смртта и воскресението. Се прават последните подготовки пред Велигден. Во црквите се одржаа литургии, а верниците палеа свеќи за здравје и се причестија. Ја чекаат радосната вест.

Велјасабота е последниот ден од 40-дневните велигденски пости. Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж

Радосната вест за Христовото воскресение ќе се означи на полноќ со биење на камбаните, а оние кои постеле ќе се омрсат со велигденско јајце. Велигден е триумф на животот над смртта, ден кога со воскреснувањето Христос ја покажал својата божествена моќ, а Бог ја покажал својата љубов кон човекот.

 

Ана Јосифоска – Тодоровска