Џафери: ДУИ е најцврстата опција за евроатлантскиот пат
Продолжуваат предизборните анктивности на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ. Време е премиерот да работи за подобро мултиетничко општество, да се справи со корупцијата и криминалот, да ги подобри економијата и стандардот на граѓаните, рече кандидатот за пратеник од шестата изборна единица, Талат Џафери...

Бев претседател на владата за подготовка на изборите и претседател на владата за сите граѓани. Време е премиерот да работи за подобро мултиетничко општество, да се справи со корупцијата и криминалот, да ги подобри економијата и стандардот на граѓаните, изјави кандидатот за пратеник од шестата изборна единица, Талат Џафери. Според него, ДУИ е најцврстата опција што го оцртува евроатлантскиот пат на Северна Македонија.
„Тоа не се ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту вреди. Само со влада во која е ДУИ може да се почнат преговорите оваа година и да станеме полноправна членка на ЕУ до 2030-та“, рече Џафери.
„Европскиот фронт“ предводен од ДУИ се повика на потребата од бадентеровото мнозинство за формирање стабилна влада што ќе нè води напред кон членство во ЕУ. Џафери побара граѓаните да не им веруваат на политичките понуди блиски до ВМРО-ДПМНЕ, да излезат на претстојните избори и дадат поддршка за европскиот фронт предводен од ДУИ за подобра иднина.
„Не е умесно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да дава изјави дека Македонија ќе биде повторно твоја, оти тоа укажува дека ќе биде само на Македонците, а не и на албанците. Слоганите на кампањата ќе предизвикаат реакција што нема да биде добра за државата, изјави Бујар Османи од ДУИ на дебата за национализмот во мултиетничко општество.
Тој посочи дека од такви наративи дошло до настаните на Косово, Сребреница и Газа. Османи побара од политичарите да се воздржуваат во преостанатите денови од изборната кампања и да не прават тензии, со изјави насочени кон припадници од друга етничка припадност. Тој го повтори ставот што и претходно наиде на реакција, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да може да прави коалициска влада само со „Вреди“, оти сè уште важи правилото на коалиција меѓу победниците од македонскиот и албанскиот блок партии, а тоа ќе биде ДУИ, рече Османи.
Со оглед дека Бујар Османи не влезе во вториот претседателски круг, лидерите на партиите кои се дел од европскиот фронт донеле одлука да не дадат поддршка за ниту еден од преостанатите претседателски кандидати. Оставаат на граѓаните да го искористат своето право на глас и да гласаат по сопствено убедување и за кандидатите коишто најмногу се блиски за исполнување нивните барања.
Ирина Гелевска
