Меџити: Волјата на народот е да има промени
Коалицијата „Вреди“ продолжи со изборните активности за парламентарните избори во скопскиот регион. идерот на „Демократско движење“, Изет Меџити, носител во првата изборна единица, рече дека е уверен дека ќе бидат дел од новата влада...

Коалицијата „Вреди“ продолжи со изборните активности за парламентарните избори во скопскиот регион. Лидерот на „Демократско движење“, Изет Меџити, кој е носител во првата изборна единица, рече дека е уверен дека ќе бидат дел од новата влада којашто ќе биде поддржана со над 70 пратеници.
„Волјата на народот е да има промени, и ќе има влада, не со 61, туку со над 70 пратеници. Ќе има поддршка од мнозинство пратеници Албанци и, исто така со големо мнозинство на Бадентер“, вели Меџити.
Носителот изјави дека ДУИ ќе замине во опозиција зашто коалицијата „Вреди“ ќе состави влада со партиите победнички на овие избори, а кои се проевропски ориентирани, со исклучок на „Левица“, потенцира Меџити.
„Ние и порано и сега кажавме дека сме заинтересирани да бидеме фактор за влада, но сега сме фокусирани на кампањата, на нашата програма, на контактите со граѓаните, вели Меџити.
Во однос на поддршката за претседателските кандидати во вториот круг, Меџити нагласи дека секој има право да гласа по сопствен избор.
Коалицијата „Вреди“ има кандидати за пратеници во шест изборни единици.
Игор Панов
