Награда св. Климент Охридски
Чудна е моќта на признанијата
За младите, тие се поттик побргу професионално да созреваат .За возрасните , тие се круна на успешно завршената кариера , но и во двата случии се задоволство и допoлнителен мотив – зборови на еден од добитниците на наградата Св Климент Охридски -којашто годинава во областа на зравството ја добија деканот на Медицинскиот факултет и првиот човек на Клиниката за дигестивна хирургија проф. д-р Никола Јанкуловски и примариусот Коте Тасевски , основач и сопственик на стоматолошката поликлиника Дентомак.
Претставува потстрек,мотивација,за понатамошната работа. Јас секогаш сум го давал максимумот во своето работење.Мислам дека и понатаму ќе го давам максимумот,се со цел за здравјето на луѓето - изјави проф. д-р Никола Јанкуловски
Ако сакам со еден збор да го изразам сето она што сум го создал и направичл- сето тоа би било упорност - изјави прим . д-р Коте Тасевски
За професионалноста и посветеноста на уметноста ,добитник на наградата примабалерината Александра Мијалкова.
-Круна на она што сум го постигнала во овие 22 год.активно работење на сцената,каде што сум вложила многу труд и напор и одрекување од многу работи во животот, коишто се потребни за да се достигне врвот во кариерата - вели доц. м-р Александра Мијалкова
Професорот Аџи Фида наградата ја доби како признание за едукација на неколку илјади наставници и напишани учебници на албански јазик.
-Им честитам на сите мои поранешни ученици од учителската школа,студенти од педагошката академија Св Климент Охридски ,институција која е доследна за почит- вели проф. д-р Аџи Фида
На доделувањето на наградите , присутен дел од државниот врв и владиниот кабинет, политички личности ,поглавараот на МПЦ а од дипломатскиот кор американскиот амбасадор Пол Волерс .
Виолета Димовска
