Само 20% од отпадот во Македонија се рециклира
Четири компании кои го спроведуваат овој закон имаат тешкотиии. Тврдат граѓаните и компаниите не се доволно информирани. Бараат да се вклучат и општините...

По три години од кога почна да функционира Законот за отпад, само 20 проценти од отпадот во Македонија се рециклира. Законот е во сила, но селекцијата не се почитува или воопшто не функционира.
Четири компании кои го спроведуваат овој закон имаат тешкотиии. Тврдат граѓаните и компаниите не се доволно информирани. Бараат да се вклучат и општините.
Во Македонија има 100 до 110 илјади тони амбалажен отпад, а има простор да се вклучат и други колективни постапувачи.
Во европските земји просекот по жител е 5 до 10 евра. Во Македонија може да се соберат 10 до 15 милиони евра и тие да се инвестираат во комунална инфраструктура. Сега е едвај половина еврo по жител.
Дијана Ценевска
