Силјановска-Давкова: Многу е важна соработката меѓу шефот на државата и премиерот
Кандидатката од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска-Давкова очекува поддршка во вториот круг и од гласачите кои првично се одлучиле за некој од кандидатите кои отпаднаа од трката. Лидерот на партијата Мицкоски, пак, очекува ДУИ да прави изборни нерегуларности...

Во вториот круг од претседателските избори, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ очекува поддршка и од дел од гласачите кои во првиот круг ја дале довербата за некој од нејзините противкандидати. Во интервју за Македонската телевизија, Силјановска-Давкова рече дека претседателските избори не се изолирани, бидејќи многу е важна соработката меѓу шефот на државата и премиерот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува нерегуларности од ДУИ и на двојните избори на 8-ми мај. Според Мицкоски, граѓаните треба да знаат дека ДУИ не ги освојува гласовите со нивните политики, тука како што рече, со поткуп и под притисок. Смета дека реалната поддршка во првиот круг од претседателските избори за Бујар Османи е двојно помала од она што го соопшти ДИК. Мицкоски ја повика меѓународната заедница будно да го следи процесот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, повикува на одговорност и постапување против злоупотребите, нагласувајќи ја важноста од непристрасност.
Милчо Велески
