Велигден
Прилепски Варош со велигденски традиции и 77 цркви
05.05.2024 11:22
Прилепчани заедно со варошани чекаат гости на Велигден. Да ги даруваат со црвено јајце, со благослови и да ја истакнат гордоста оти се раритетни со 77 цркви...

Отворени порти за Велигден, добредојде со велигденско јајце. Варошани, под Марковите кули горди на традициите, но и на светоста. Веруваат дека имало 77 цркви. Со нетрпение се очекуваат најблиските на гости.
Црквите се градат со развојот. Во 13-ти и 14-ти век Прилеп бил голем центар. Не само на верата, туку и на владеењето.
Најстарата прилепска населба, Варош, пак ќе слави, а и манастирот „Свети Архангел Михаил“. На првиот петок по Велигден – на Велики петок.
Елизабета Митреска
