Велигден

Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим

04.05.2024 19:24

Благодатниот оган ја симболизира светлината на Воскресението Христово, верниците го сметаат за светилиште...

Благодатниот оган се спушти на Велика сабота во пресрет на Воскресението Христово, во црквата на Светиот гроб „Воскресение Христово“ во Ерусалим, пренесоа светските агенции.

Благодатниот оган ја симболизира светлината на Воскресението Христово, верниците го сметаат за светилиште.

Вообичаено во Црквата на Светиот гроб и во нејзина близина во Ерусалим на овој ден се собираат илјадници православни верници, кои по слегувањето на Благодатниот оган го преземаат од рацете на ерусалимскиот патријарх и го пренесуваат понатаму.

Претставници на помесните православни цркви ќе го преземат Благодатниот оган од аеродромот во Тел Авив и ќе го пренесат во своите земји.