Култура

„Диво Месо“ од Горан Стефановски во Тирана

05.05.2024 09:04

Вчеравечер, Албанскиот театар од Скопје на покана од македонскиот Културно информативен центар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски, во режија на Мартин Кочовски.

Текстот „Диво Месо“ од Горан Стефановски, беше напишан и изведен далечната 1979 год. За својата драма „Диво Месо, Горан Стефановски ќе каже: Кога ја пишував пиесата „Диво месо“ мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината.

Вчеравечер, Албанскиот театар од Скопје на покана од македонскиот Културно информативен центар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски, во режија на Мартин Кочовски.

Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина. Благодарение на маестралната игра на глумците од Албанскиот театар Скопје, сцените се редеа како на филм. Публиката имаше впечаток, како денес во Тирана да се случиле настаните од пиесата. Час и половина, публиката со големо внимание и во потполна тишина го следеше секој збор од текстот и актерската игра на нашите глумци.

Културно информативниот центар на 10 и 12 мај, продолжува со своите активности. На Тиранскиот џез фестивал ќе настапат ПМГ Џез СЕТСТАТ и новоформираниот Биг бенд, Национален џез оркестар од Скопје.