Празник

На Велигден охридските црквите преполни со верници од земјава и странство

05.05.2024 12:17

Во македонскиот духовен центар Охрид, големиот христијански празник-Велигден беше масовно одбележан. Црквите беа исполнети со илјадници верници од земјава и странство кои на полноќ ја слушнаа радосната вест за Христовото воскреснување. Централната богослу...

Илјадници православни верници од земјава и регионот синоќа ги исполнија сите парохиски цркви во балканскиот Ерусалим-Охрид. Како и секогаш најсвечено беше на Плаошник, во возобновениот Светиклиментов храм каде што се одржа централната богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот господин Тимотеј.

На полноќ кога со биењето на црковните ѕвона беше означено Христовото воскреснување и победата на животот над смртта, бројните верници по кршењето со црвени јајца се помолија и посакаа бог да им дарува здравје, среќа, љубов и мир.

По неколкудневното нестабилно време, денеска Охрид е облеан во сонце така што гостите што допатуваа за Велигденските празници ја исполнија чаршијата, рестораните и кафулињата долж брегот на езерото. Сепак, голем број од посетителите присусвуваа и на утринските богослужби или ги посетуваа древните црковни храмови на охридското кале, каде што од секое катче зрачат духовноста и традициите.

 

Сашо Нелоски