Македонија

Ден на македонскиот јазик - поголема афирмација и заштита

05.05.2024 16:29

На 5-ти мај го одбележуваме Денот на македонскиот јазик. Потребна е поголема афирмација и заштита, но од надлежниот институт очекуваат работите да се променат на подобро со новиот закон...

И Елена би сакала нејзината ќерка да знае да говори повеќе странски јазици кога ќе порасне, но сега и е приоритет да го научи мајчиниот, македонскиот литературен јазик. Ги селектира содржините кои ги гледа петгодишната Лана и ја поттикнува љубовта кон книгите.

Лазар Станоевски вели, јазикот треба да се восприема во стандардната, литературна форма, малку се зборува на литературен јазик, повеќе се користат дијалекти.

Убаво е што сите книги ги преведуваат на македонски јазик, меѓутоа гледам се помалку читатели во библиотека и, еве јас сум тука во браќа Миладиновци, има само студенти.“, вели Лазар Станоевски.

Македонскиот јазик е сите овие години пред големи предизвици, но успешно се справуваме, вели професорката Јованова-Грујовска. Таа спасот го гледа и во Законот за употреба на македонскиот јазик.

Ова ќе биде голема битка која ќе се извојува за доброто на македонската јазик, но и поголема писменост, вели Јованова Грујовска.

 

Наташа Јанчиќ – Менковски