Празник

Православните христијани во светот го празнуваат Велигден

05.05.2024 18:30

Православните христијани во светот го празнуваат големиот празник, Велигден, а светскиот мир е најчестата желба за верниците...

Православните христијани во светот го празнуваат големиот празник, Велигден, а светскиот мир е најчестата желба за верниците. Денеска, Христовото Воскресение го празнуваат Коптите во Египет, претежно муслиманска земја, со една од најстарите христијански заедници во светот.

Велигден се слави и во Етиопија, земја со најголемо православно население надвор од Европа. Повеќето западни цркви го одбележуваат Велигден на 31-ви март, додека источните православни цркви го следат постариот јулијански календар, а Велигден годинава го слават на 5-ти мај.