Утре одлука на Групацијата за осигурување
Осигурителните компании утре ќе одлучуваат дали ќе им ги вратат парите на граѓаните кои платија за 15 насто поскапи полиси. Според правниците, формално правно нема основ да се вратат парите бидејќи законот не може да важи ретроактивно...

Осигурителните компании утре ќе одлучуваат дали ќе им ги вратат парите на граѓаните кои платија за 15 насто поскапи полиси. Според проценките, од 400-ни илјади автомобили чија моќност надминува 44 киловати, неделно во просек се регистрираат по 10 илјади возила, што значи толку лица платиле од 840 до илјада и 600-ни денари повеќе за полисите за автоодговорност.
Според правниците, формално правно нема основ да се вратат парите бидејќи законот не може да важи ретроактивно.
Едно од решенијата е парите да се вкалкулираат во регистрацијата за следната година. Националното биро, по барање на осигурителните компании на 25-ти април одлучи да ги зголеми цените за автоодговорност за 15 проценти.
Негодуваа од Агенцијата за супервизија, Комисијата за автоодговорност донесе препораки за враќање на цените назад, Компаниите не ги прифатија, за на крај да реагира Владата, која ги врати цените на ниво од пред 10-на дена.
