Франција

Џинпинг денеска во посета на Париз

06.05.2024 09:37

Денеска во Париз на средба со претседателот Макрон и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На агендата на Шји е и посета на Унгарија и Србија...

Кинескиот претседател Шји Џинпинг во Европската турнеја. Денеска во Париз на средба со претседателот Макрон и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На агендата на Шји е и посета на Унгарија и Србија. Експертите велат дека на маса ќе се најдат теми – од политичка до трговска размена и инфраструктурни проекти.

Посетата доаѓа додека Кина се обидува да избегне трговска војна со Европската Унија, чиј однос кон Пекинг се заостри поради бројните шпионски скандали и кинеската поддршка на Русија во војната со Украина