САД
Стотици луѓе се евакуирани од поплавените домови и патишта во Тексас
06.05.2024 09:41
Спасувачите интервенирале по улиците со чамци, за да го спасат населението и домашните животни кои не биле евакуирани навреме...

Невремето во Тексас донесе дополнителен дожд во Хјустон каде што стотици луѓе се евакуирани од поплавените домови и патишта.
На север во областа Форт Ворт, едно дете загина откако автомобил заглавил во надојдените води. Спасувачите интервенирале по улиците со чамци, за да го спасат населението и домашните животни кои не биле евакуирани навреме.
