Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани, едно лице загина
Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка Рено „лагуна“ со скопски регистарски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал возачот И. М од Скопје.

Триесет и деветгодишен возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Сопатничката и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.
Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.
Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка Рено „лагуна“ со скопски регистарски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал возачот И. М од Скопје.
Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.
