Фудбал
Спортинг Лисабон станаа шампиони на Португалија
06.05.2024 12:05
Избраниците на тренерот Рубен Аморим ја одбранија титулата во својата татковина, откако Бенфика синоќа загуби со 2-0 на гостувањето кај Фамаликао...

Фудбалерите на Спортинг Лисабон по 20. пат во својата историја станаа шампиони на Португалија.
Избраниците на тренерот Рубен Аморим ја одбранија титулата во својата татковина, откако Бенфика синоќа загуби со 2-0 на гостувањето кај Фамаликао и остана без шанси да ги надмине „зелено-белите“ кои имаат осум бода предност пред последните две рунди.
Головите за Фамаликао ги постигнаа Пума во 71. минута и Зајда Јусуф на пет минути пред крајот на натпреварот.
Најзаслужен за одбраната на „круната“ на Спортинг Лисабон е фантастичниот напаѓач на „лавовите“ Швеѓанецот Виктор Ѓокереш.
Фото:/ Youtube