Училишта

Денеска завршува пролетниот распуст за учениците

06.05.2024 12:57

Оваа година за прв пат владата донесе одлука учениците да одмараат од 29-ти април до 5-ти мај, со што заради верскиот празник Велигден, на училиште ќе тргнат од утре, 7-ми мај...

Денеска завршува пролетниот распуст за учениците од основно и од средно образование. Оваа година за прв пат владата донесе одлука учениците да одмараат од 29-ти април до 5-ти мај, со што заради верскиот празник Велигден, на училиште ќе тргнат од утре, 7-ми мај.

Заради ваквата новина, учебната година наместо како до сега на 10 јуни, ќе заврши на 17-ти јуни, а летниот одмор почнува од 18 јуни и ќе трае до 31 август.

Но, заради изборниот ден, в среда, во училиштата каде што ќе се одвива гласање, учениците утре ќе бидат со скратени часови.