„Цртички на животот“- изложба на фотографии на Имре Сабо
Во Галерија Рудиќ, Бул. АСНОМ 74, понеделник, 13 мај, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии на Имре Сабо, насловена „Цртички на животот“...

Во Галерија Рудиќ, Бул. АСНОМ 74, понеделник, 13 мај, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии на Имре Сабо, насловена „Цртички на животот“.
Роден во Мокрин во 1956 година. Завршил гимназија во Кикинда, а потоа студирал германски јазик и литература на Филолошкиот факултет во Белград. Фотографиите ги изложува од 1974 година, а оттогаш учествувал на над 200 изложби во земјата и странство, каде што има добиено повеќе награди и признанија. Имал 23 самостојни изложби.
Од 1980 година професионално се занимава со фотографија како фоторепортер, прво во редакцијата на „Илустроване политика“ (до 1989 година), потоа многу кратко во дневниот весник „Политика“, потоа во редакцијата на неделникот „Интервју“ (до есента 1991 година) и „Нин“ до 1995 година, кога одлучил самостојно да се занимава со применета фотографија. Неговите фотографии беа објавени во многу значајни светски списанија (Stern, Focus, Spiegel, Le Monde, L’Express, Time, Newsweek, Herald Tribune, Le Nouvell Observateur …) и во повеќето југословенски весници, како и во повеќе монографии, каталози и публикации на ULUPUDS од 1985 година.
