Штип

Велигденски детски игри без граници во Штип

06.05.2024 14:47

Трета година Општина Штип организира велигденски детски игри без граници. Се поголем е интересот за учество и на децата и на родителите, кои бараат забавни масовни манифестации за децата да се организираат почесто.

Со избор на најоригинална велигденска декорација, со музички настап и забава атрактивна за најмалите во Штип се одржаа велигденските игри без граници во организација на ЗОО Паркот и детските градинки.

Целта е на децата да им се приближи традицијата на забавен и креативен начин

Децата задоволни, а родителите со порака до надлежните почесто да се организираат манифестации каде децата ќе имаат можност да се дружат и забавуваат, но и да ги развиваат своите таленти.

 

 

Славица Величковска