Последен ден од изборната кампања
Последен ден од кампањата за двојните избори в среда. Изборниот молк почнува на полноќ и ќе трае до затворањето на гласачките места в среда во 19 часот...

На полноќ финишира изборната кампања. Партиите имаа уште неколку часа да ги убедат граѓаните да гласаат за нивната опција. Во изминатите 40 дена се изнаслушавме проекти и ветувања. Кој планира да ги зголеми платите и пензиите, да го смени Уставот, кој е за, а кој против ЕУ. Кој ќе ги врати младите во државата, а која опција ќе формира влада.
Пораките на политичарите не беа поразлични од претходните изборни кампањи каде доминираа меѓусебните обвинувања, смета комуникологот Сеад Џигал.
Негативната кампања и манипулациите беа присутни и во претседателските, но и во изборите за претставници во Парламентот, вели комуникологот Џигал, според кој дел од партиите ја искористиле темата за Европската унија за да влијаат врз гласачите. Неизбежни беа, вели тој и повиците во кампањата и да се гласа против некоја опција.
Двојните избори одлична можност за партиите да извлечат заклучоци како може да се подобри кампањата на наредните избори. Во земјава, вели професорот Џигал не може да има вистински изборен молк, поради големата застапеност на партиите на социјалните мрежи.
Викторија Милевска
