Завршува пролетниот распуст за учениците
Учениците од основните и средните училишта првпат искористија пролетен распуст. Поради велигденските празници, тој завршува денеска и од утре се враќаат повторно во училишните клупи. Според психолозите, оваа пауза би требало да има позитивен ефект.

Од 29-ти април до 5-ти мај официјално траеше пролетниот распуст, кој по препорака на Министерството за образование и одлуката на Владата првпат е воведен оваа година. Според психолозите, овој кус може да очекуваме да донесе позитивни ефекти кај учениците од основните и од средните училишта.
Според психологот Стојановска-Јовановска, нервниот систем функционира на начин што се заморува кога прима премногу информации, а обемниот материјал што треба да го научат и запаметат, а потоа и да го репродуцираат, работејќи за што повисоки оценки им создава потешкотии.
Затоа пролетниот распуст според неа има големи придобивки, освен миговите минати со семејството и најблиските.
Александра Спировска
