Македонија

Мостот „Беласица“ целосно пуштен во употреба

06.05.2024 19:11

Пред две недели тимот од Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени на професорот Михаил Гаревски, правеше пробно товарење дали мостот може да се пушти во употреба ...

По речиси една година, мостот „Беласица“ целосно е пуштен за сообраќај и за товарни возила но, цевките на ЕСМ од топловодот не се ставени и сè уште стојат во тревникот на кејот под мостот.

Пред две недели тимот од Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени на професорот Михаил Гаревски, правеше пробно товарење дали мостот може да се пушти во употреба и за тешки товарни возила и да се тргнат сообраќајните знаци кои означуваа каде може да се вози, а каде не.

По тестирањето без никакво известување од надлежните институции, мостот „Беласица“ целосно се пушти во употреба, а возилата се движат по двете ленти во двата правци. Мостот „Беласица“ беше оштетен во пожар кој се случи лани во мај.