Избори 2024
Oд ноќеска на полноќ почна изборниот молк
07.05.2024 08:18
За парламентарните избори граѓаните избираат меѓу 17 коалиции и партии за новиот 120-член парламентарен состав...

Oд ноќеска на полноќ почна изборниот молк за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори. Ќе заврши утре во 19 часот до затворањето на гласачките места. На претседателските избори 2024 година граѓаните во вториот круг ќе можат да меѓу двајца кандидати.
За парламентарните избори граѓаните избираат меѓу 17 коалиции и партии за новиот 120-член парламентарен состав.
И на овие парламентарни избори нема претставник од 7-та изборна единица, односно од дијаспората, бидејќи немаше доволен број македонски државјани кои се пријавија за гласање.
