Осигурување

Осигурителните компании денеска треба да решат дали ќе им ги вратат парите на граѓаните кои платија поскапи полиси

07.05.2024 08:29

Според проценките, од 400 илјади автомобили чија моќност надминува 44 киловати, неделно во просек се регистрираат по 10 илјади возила, што значи толку лица платиле од 840 до илјада и 600 денари повеќе за полисите за автоодговорност...

Осигурителните компании денеска треба да решат дали ќе им ги вратат парите на граѓаните кои платија за 15 насто поскапи полиси. Според проценките, од 400 илјади автомобили чија моќност надминува 44 киловати, неделно во просек се регистрираат по 10 илјади возила, што значи толку лица платиле од 840 до илјада и 600 денари повеќе за полисите за автоодговорност.

Според правниците, формално правно нема основ да се вратат парите, бидејќи законот не може да важи ретроактивно. Едно од решенијата е парите да се вкалкулираат во регистрацијата за следната година. Националното биро, по барање на осигурителните компании на 25-ти април реши да ги зголеми цените за автоодговорност за 15 проценти.

Негодуваа од Агенцијата за супервизија, Комисијата за автоодговорност донесе препораки за враќање на цените назад, компаниите не ги прифатија, за на крај да реагира владата, која ги врати цените на ниво од пред 10-на дена.