Приватните специјализанти и денеска на собир за да покажат дека не се откажуваат од барањата
Како што најавија, секој вторник од 11 часот за време на паузата се собираат во паркот кај интерните клиники за ги потсетат надлежните дека нивната состојба останува непроменета...

Приватните специјализанти и денеска на собир за да покажат дека не се откажуваат од нивните барања. Како што најавија, секој вторник од 11 часот за време на паузата се собираат во паркот кај интерните клиники за ги потсетат надлежните дека нивната состојба останува непроменета.
Се откажаа од штрајкот и решија да продолжат со работа се до формирање на идната влада.
Од идниот министер ќе бараат да се сретне со нив и да ги реши нивните проблеми. Приватните специјализанти, почнаа штрајк со барање за трајно решавање на нивниот статус, обезбедување здравствено осигурување и зголемување на платите.
