МВР

Се одбележува Денот на полицијата

07.05.2024 08:38

Денеска со низа свечености се одбележува 7-ми мај Денот на полицијата. За сообраќај ќе биде затворен булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосница со булевар „Србија“ до крстосница со булевар „Февруарски поход“...

Денеска со низа свечености се одбележува 7-ми мај Денот на полицијата. Поради одржување на настанот во периодот од 8 до 18 часот во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим.

За сообраќај ќе биде затворен булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосница со булевар „Србија“ до крстосница со булевар „Февруарски поход“. 

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ги издаваат полициските службеници.