Акредитирани 1.078 набљудувачи и 770 странски набљудувачи за изботите
Најмногу се акредитирани домашни набљудувачи – 1.078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи...

За двојните избори се акредитирани вкупно речиси две илјади набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу се акредитирани домашни набљудувачи – 1.078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи.
Од странските набљудувачи најмногу има специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ-ОДИХР, акредитирани се 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач. Парламентарното собрание на ОБСЕ има акредитирано 138-мина набљудувачи.
За информирање од изборите се акредитирани и 66 новинари и медиумски работници од најголемите балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал џезира, Франс прес.
