Израел изврши ракетен напад врз Рафах
Претходно илјадници луѓе беа евакуирани. Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека сепак ќе испратат делегација во Каиро на преговори...

Израел изврши ракетен напад врз Рафах и покрај тоа што Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот во Газа. Според Израел, прифаќањето е уште еден трик на милитантната група. Претходно илјадници луѓе беа евакуирани. Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека сепак ќе испратат делегација во Каиро на преговори.
„Го испитуваме секој одговор и одговараме многу сериозно. Ја наоѓаме секоја можност во однос на преговорите за враќање на заложниците во нивните домови како централна задача што е можно побрзо и во исто време продолжуваме со нашите операции во Појасот Газа“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.
Меѓународната заедница оцени дека наредбите на Израел за евакуација се неприфатливи, а Тел Авив треба да ја спроведе Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за итен прекин на огнот.
