Украина
Борбите на фронтот во Украина продолжија
07.05.2024 08:59
Од друга страна, во нападот на украинските беспилотни летала врз регионот на Белгород загинаа шест лица, а најмалку 40 се повредени...

Борбите на источниот фронт на Украина продолжија. Вчера повеќе од 400.000 потрошувачи останаа без струја поради нападите на руски беспилотни летала врз енергетската инфраструктура во регионот Суми.
Од друга страна, во нападот на украинските беспилотни летала врз регионот на Белгород загинаа шест лица, а најмалку 40 се повредени.
Москва најави воени вежби кои вклучуваат нуклеарно оружје со цел, како што велат, да оладат вжештените глави на Западот, Шведска, која неодамна се приклучи на Алијансата, истакнува дека планираните вежби „придонесуваат за зголемување на нестабилноста“ во регионот и светот.
