Франција

Париз и Пекинг почнаа нова фаза на кинеско-француските односи

07.05.2024 09:04

По средбата во Елисејската палата кинескиот лидер потврди дека двете земји ќе ја подобрат соработката во земјоделството, прехранбената индустрија, финансиите и други области...

Париз и Пекинг почнаа нова фаза на кинеско-француските односи во следните 60 години, изјави кинескиот претседател Кси Џипинг по средбата со колегата Макрон.

По средбата во Елисејската палата кинескиот лидер потврди дека двете земји ќе ја подобрат соработката во земјоделството, прехранбената индустрија, финансиите и други области и ќе промовираат заеднички развојни истражувања и иновации во авијацијата, нуклеарна енергија, зелена енергија, биомедицина и вештачка интелигенција.

Кинескиот претседател ја продолжува европската турнеја со посета на Србија и Унгарија.