Русија

Денес е инаугурацијата на Владимир Путин

07.05.2024 09:10

Рускиот претседател Путин денеска ќе положи заклетва за нов шестгодишен мандат. На инаугурацијата во Москва нема да присуствуваат амбасадорите на Европската Унија и на САД...

Рускиот претседател Путин денеска ќе положи заклетва за нов шестгодишен мандат. На инаугурацијата во Москва нема да присуствуваат амбасадорите на Европската Унија и на САД.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека одлуката е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки. Сепак, Франција, Словачка и Унгарија најавија дека ќе имаат свои претставници. Киев претходно ги повика сојузниците да не го признаваат Путин како легитимен претседател на Русија.

На фронтот борбите продолжија на истокот. Германскиот канцелар Шолц изјави дека во Европа е постигнат договор околу 90 насто од приходите добиени од руските средства замрзнати во Европската унија да се користат за купување оружје за Украина.