1.033 гласачи повеќе на парламентарните избори
Утре за вториот круг од претседателските избори право на глас имаат милион 814 илјада 317 избирачи, од нив во изводите од избирачкиот список за гласање во државава се запишани милион 713 илјади 758 избирачи...

Утре за вториот круг од претседателските избори право на глас имаат милион 814 илјада 317 избирачи, од нив во изводите од избирачкиот список за гласање во државава се запишани милион 713 илјади 758 избирачи.
За парламентарните избори право на глас имаат милион 815 илјади 350 избирачи. Од нив во изводите од избирачкиот список за гласање се запишани милион 716 илјади 664 избирачи, додека во посебниот извод од избирачкиот список за лицата кои согласно со евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 96 илјади и 10 избирачи.
Разликата во гласовите меѓу списокот за претседателските и парламентарните избори е илјада 33, генерално поради граѓани кои стекнале полнолетство меѓу двата изборни циклуса. Гласањето на седмите претседателски и 11-тите парламентарни избори треба да се спроведе на 3 илјади 480 избирачки места во државава.
