Техничките струки сè попривлечни за идните средношколци

23.06.2014 15:13

Дел од скопските училишта очекуваат слободните места да бидат пополнети уште во првиот уписен рок...

Уште од рано изутрината основците со документи в раце побрзаа да се запишат во некои од средните училишта. Гимназиите, средните медицински и економски училишта и годинава се најатрактивни за полуматурантите. Дел од нив веќе ја одбрале својата идна професија, а оние кои сеуште не се одлучиле се запишаа во гимназија.

„Одбрав гимназија дека понатака има повеќе избор за факултет... Понатака планирав да се запишам на некој информатички факултет, па затоа избрав гимназија да не ме определува...“, велат идните средношколци.

Дел од скопските училишта очекуваат слободните места да бидат пополнети уште во првиот уписен рок.

„Верувам дека и во текот на утрешниот ден ќе бидат пополнети местата“, смета Драган Данев од средното училиште Јосип Броз Тито.

По апелот дека стручниот кадар е дефицитарен расте и интересот за средните стручни училишта. Во гимназијата Ѓорѓи Димитров има голем број ученици кои ја одбрале  дрвопреботувачката струка, каде минатите години најпосакувана насока беше гимнзиската.

„Учениците увидоа дека со завршување на ова стручно училиште има работа, се стекнуваат со квалитетно образование“, велат од ова средно училиште.

Средните училишта ги отворија вратите за 35.185илјада полуматурани. Новина годинава се 13-те реформирани струки за тригодишно средно образование.

Резултатите од првиот уписен рок ќе бидат објавени на 25-ти јуно, а второто пријавување ќе се одржи на 30 јуни и 1 јули. Вториот уписен рок е закажан за 21-ви август.

 

Викторија Тодоровска