Избори 2024
Гласаат штитениците на старскиот дом во Прилеп
07.05.2024 10:20
За гласање на претседателските избори се пријавени 11.123 болни и немоќни лица, додека за парламентарните избори таа бројка е поголема за 102-ца избирачи, односно ќе гласаат 11.225 лица...

Денеска еден ден пред изборите гласаат болните и изнемоштени лица чии пријави беа прифатени од општинските изборни комисии. За гласање на претседателските избори се пријавени 11.123 болни и немоќни лица, додека за парламентарните избори таа бројка е поголема за 102-ца избирачи, односно ќе гласаат 11.225 лица. Како се одвива гласањето во старскиот дом во Прилеп, известува Елизабета Митреска.
