ПОЛСКА

Скандал со прислушкување во Полска, покрената е истрага

07.05.2024 11:29

Безбедносните служби пронајдоа и демонтираа уреди за прислушување во просторијата каде што денеска треба да се состане Министерскиот совет.

Скандал со прислушкување во Полска. Безбедносните служби пронајдоа и демонтираа уреди за прислушување во просторијата каде што денеска треба да се состане Министерскиот совет. Покрената е истрага.

Претходно, Агенцијата за внатрешна безбедност и полската контраразузнавачка служба почнаа истрага за нивото на доверливи информации до кои пристапил судијата на регионалниот Управен суд во Варшава, Томаш Шмит кој побара азил во Белорусија.