Вечерва почнува Евровизија, пренос на МРТ од 21 часот

07.05.2024 12:31

За пласман во финалето се борат 15 земји. Од земјите од регионот, втора по ред настапува Србија, а седма Хрватска.

Вечерва во Малме со почеток во 21 часот ќе се одржи првото полуфинале на 68-от Избор за песна на Евровизија, а за пласман во финалето се борат 15 земји. За пласман во финалето се борат 15 земји. Од земјите од регионот, втора по ред настапува Србија, а седма Хрватска.

Вечерва пред публиката од земјите на големата петорка ќе се претстават и Велика Британија и Германија, како и домаќинот Шведска.

Годинешното издание на Евровизија го одбележа и политичката ситуација во светот, особено војната во Газа. Има негодувања затоа што на Израел му беше дозволено да учествува, а Русија претходно беше исфрлена поради војната во Украина.

Како што претходно одлучи МРТ, Македонија не учествува изборот за песна на Евровизија веќе втора година по ред.