Избори 2024
Предизборен молк, денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората
07.05.2024 13:16
Ден пред двојните избори- предизборен молк. Денеска гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората…

Од ноќеска на полноќ почна изборниот молк за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори. Ќе заврши утре во 19 часот до затворањето на гласачките места.
На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните избори еден 1.815.350 избирачи.
Ден пред изборите гласаат болните и немоќните лица, затворениците и дијаспората. За претседателските избори за гласање се пријавиле 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи, односно 11.225.
Марина Стојанова-Тонева известува од Државната изборна комисија.
