Предлог тарифник на ЗАМП

08.12.2013 22:30

Наместо промоција на македонската музика, молк во етерот ќе донесе предложениот тарифник на ЗАМП – коментираат од националните телевизии и радија.

Наместо промоција на македонската музика, молк во етерот ќе донесе предложениот тарифник на ЗАМП – коментираат од националните телевизии и радија. Според објавеното за емитувана три минутна песна ЗАМП бара да се плати околу 2.100 евра, а имајќи пред вид дека должност е да се емитуваат 8 часа неделно македонска музика се доаќа до фантастична сума од 1,7 милиони евра што секоја телевизија ќе треба да му ја кешира на замп на годишно ниво.  со ваков тарифник коментираат за МТВ познавачите на приликите телевизиите ќе се откажат и од снимање на концерти од македонските изведувачи, бидејќи тоа за нив ќе претставува дополнително оптоварување. Токму дека со пари од граѓаните ќе се снимаат тие песни мрт го подржува овој став дека не треба за  нив да се плаќа на здруженијата. Предлог тарифникот е објавен откако владата објави дека во следните 10 години ќе субвенционира по 200 песни од забавната и народната музика, а целиот проект ќе оди токму преку македонската радио телевизија. Последниот збор сепак го има владата. Таа треба да го ревидира предложениот тарифник на ЗАМП кој е со превисоки суми на пари за радиодифузерите.. приватните медиуми веќе најавуваат дека нема да емитуваат песни чиј автори учествувале во изготвувањето на тарифникот.. 

Миле А. Ристески