РКЕ

Пониска цена на горивата од полноќ

07.05.2024 13:59

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 86 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 88, Еуродизел БС (Д-Е V) за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар.

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 86 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 88, Еуродизел БС (Д-Е V) за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар. За 0,829 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,832 денари.

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто.