Избори 2024
Непречено и без проблеми се одвива денешното гласање во Прилеп
07.05.2024 14:00
Непречено се одвива гласањето на болните и изнемоштени лица во Прилеп, на штитениците во домот за стари и лицата осуденици во прилепскиот затвор. Бројот на болни и изнемоштени кои гласаат во домовите е речиси двојно поголем од првиот круг...

Навремено, непречено и без проблеми се одвива денешното гласање во Прилеп, потврдуваат од општинската Изборна комисија. Гласаат 455 болни и изнемоштени што е речиси двојно повеќе од првиот круг и ист број, 68 штитеници од Домот за стари лица и 104 лица, осуденици од прилепскиот затвор.
Штитениците на Домот мирно и достоинствено го остваруваа своето право на глас и имаат очекувања.
Гласањето непречено се одвива и во Кривогаштани, Долнени и Крушево.
Елизабета Митреска
