Македонија
Одбележан Денот на македонската полиција
07.05.2024 14:28
Централната прослава се одржа во паркот во Општина Аеродром во Скопје. Во рамките на прославата пред гостите и присутните граѓани беше презентирана опремата на различни полициски единици...

Одбележан Денот на македонската полиција, 7-ми мај. Пожртвуваноста, одговорноста, храброста и моралот, карактеристики на припадниците на сината униформа. Тие се столбот на мирно, демократско општество, чувари на законот и редот.
Централната прослава се одржа во паркот во Општина Аеродром во Скопје. Во рамките на прославата пред гостите и присутните граѓани беше презентирана опремата на различни полициски единици. По официјалниот дел имаше и забавна програма.
