Италија

Мелони во Либија за договори за образование и миграција

07.05.2024 14:33

Италијанските и либиските министри потпишаа неколку декларации за соработка и истражување во рамки на планот „Матеи“ за развој на Африка...

Италијанската премиерка Мелони во Триполи се сретна со премиерот на либиската влада за национална стабилност.

Италијанските и либиските министри потпишаа неколку декларации за соработка и истражување во рамки на планот „Матеи“ за развој на Африка спонзориран од италијанската влада.

Планот има за цел да го фаворизира создавањето работни места во Африка за да ја запре миграцијата кон Европа.