Економија

Лебот нема да поскапи, одливот на стручен кадар е проблем

07.05.2024 14:33

Од агро-бизнис комората оценуваат дека суровините за пекарската индустрија имаат стабилна вредност. Она што им задава тешкотија е одливот на стручен кадар во западните и туристички земји, како и проблемот со ликвидноста на компаниите.

Граѓаните да бидат спокојни, лебот нема да поскапи. Од агро-бизнис комората оценуваат дека суровините за пекарската индустрија имаат стабилна вредност. Она што им задава тешкотија е одливот на стручен кадар во западните и туристички земји, како и проблемот со ликвидноста на компаниите.

Цената на енергенсите има импакт врз производството, велат познавачите и затоа ЕУ работи на зелен договор и на производство на струја од обновливи извори. Тој процес го почна и Македонија, а во него асистираат и факултетите како поддршка на зелените иновации.

Трендот на инвестиции во фотоволтаици расте. Само за две години инсталирани се капацитети од над 600 мегавати, со што е намален увозот на струја.

Анита Димитријевска – Велковска