САД

Торнадо предизвика голема штета во Оклахома

07.05.2024 14:58

Силна бура во централниот дел на САД донесе торнада во рурална Оклахома и во делови од Канзас...

Силна бура во централниот дел на САД донесе торнада во рурална Оклахома и во делови од Канзас.

Торнадо предизвика голема штета северно од Тулса во малиот град Барнсдал. Според властите нема потврдени смртни случаи.

Уништени се многу куќи, а соборени се дрвја и далноводи.