Анкета на ИРИ: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ расте, на СДСМ опаѓа

23.06.2014 15:56

Кај лидерите, Никола Груевски останува со најголема доверба. За него се изјасниле 25 проценти од испитаниците. По него е Али Ахмети со 9 насто, а претседателот Иванов и Пендаровски имаат пет процентна доверба. Лидерот на СДСМ, Заев добил поддршка од 3 проценти од анкетираните граѓани...

ВМРО-ДПМНЕ има трипати поголем рејтинг од СДСМ во најновата анкета на меѓународниот републикански институт ИРИ. Владеачката партија добила најголема поддршка од граѓаните, 34 проценти, што преставува раст за 4 проценти од претходното истражување.

Опозициската СДСМ, пак, има пад за два процента и сега довербата кај граѓаните и е 10 проценти.  ДУИ има 14 проценти доверба кај испитаниците, а ДПА 4. Граѓаните се сега поодлучни за довербата во партиите - наместо претходните 18, сега 13 проценти немале одговор на ова прашање.

Кај лидерите, Никола Груевски останува со најголема доверба. За него се изјасниле 25 проценти од испитаниците. По него е Али Ахмети со 9 насто, а претседателот Иванов и Пендаровски имаат пет процентна доверба.

Лидерот на СДСМ, Заев добил поддршка од 3 проценти од анкетираните граѓани. ИРИ се интересирал и за слободата на невладиниот сектор.  Половината од испитаниците одговориле негативно, а 27 проценти потврдиле дека невладиниот сектор е слободен.

Во истражувањето, како најголем проблем граѓаните ја посочиле невработеноста, па следуваат, спорот за името, економскиот напредок и ниските плати.

Анкетата била спроведена минатиот месец од 23-ти до 29 мај, на репрезентативен примерок од 1.101 испитаник.

 

Миле А. Ристески