Косово
Руски хакери ги нападнале веб-страниците на косовските институции
07.05.2024 20:35
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“...

Руски хакери ги нападнале веб-страниците на косовски институции, изјави министерот за одбрана на северниот сосед, Ејуп Македончи.
„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“, изјави Македончи.
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на косовски министер кој, според нив, рекол дека Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина.
Министерката за надворешни работи и дијаспора – Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.
