Пост-изборна мисија на ПССЕ на 10 јули во Македонија
Штефан Шенах известувачот на Ад-хок комисијата ма ПССЕ која ги следеше претседателските и парламентарните избори во Македонија претставувајќи го извештајот на избoрната мисија оцени дека изборите биле добро организирани, резултатите биле коректни и покрај констатираните пропусти за време на предизборната кампања. Најавено е постизборна мисија на ПССЕ за 10 јули да ја посети Македонија, тука ќе ја убедува опозицијата да се врати во Парламентот...

Известувачот Стефан Шенах нагласувајќи дека општата оценка на делегацијата е дека изборите биле добро организирани, а резултатите коректни и покрај констатираните слабости.
Стефан Шенах посебно изрази загриженост за состојбата во меѓуетничките односи во земјата, за што предизборната мисија на ПССЕ при својот престој во Македонија испрати повик „да не се продлабочува јазот меѓу етничките заедници.“
„За жал, јазот се прошири. Ние повикавме да нема говор на омраза. Но тој беше присутен“ – истакна Шенах.
Тој притоа ги повтори забелешките кои беа изнесени од делегацијата на прес конференцијата во Скопје веднаш по изборите.
Во името на Народните партии, македонскиот парламентарец Александар Николоски, посебно се задржа на бојкотот на Парламентот од опозицијата.
„Ова не е добро за земјата зашто е потребен Парламент, кој ќе работи во полн капацитет, со партиите од власта и опозицијата. Драги пријатели Премиерот Никола Груевски го покани лидерот на опозицијата. Средбата ќе се одржи утре со цел опозицијата да се врати во Прламентот. Се надеваме на успех и разбирање од СДСМ“ – рече Николоски.
Денес ПССЕ објави дека е донесена одлука о дека пост- изборна мисија ќе јао посети Maкедонија на 10дека не се согласуваат со одлуката на СДСМ и го повикуваат да се врата во Парламентот.
Тони Гламчевски
