Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за повреда на избирачко право
Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, за време на одржувањето на вториот круг за избор на претседател на Република Македонија и на првиот круг од парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321...

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, за време на одржувањето на вториот круг за избор на претседател на Република Македонија и на првиот круг од парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.
Како што информираат од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата Македонија 19, спроти Спомен куќата на Мајка Тереза.
„Исто така, на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица 034-329-996, Кичево 045-228-586, Тетово 044-344-082, Битола 047-242-310, Штип 032-389-701 и во Куманово 031-431-488“, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител.
Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните во остварување на нивното загарантирано избирачко право.
