Фудбал – СП Бразил 2014

Кој против Бразил, Холандија или Чиле?

23.06.2014 20:50

Иако со по две победи веќе обезбедија осминафинале, Холандија и Чиле имаат зошто да играат во вториот меѓусебен дуел. Првопласираниот најверојатно ќе го избегне Бразил во стартната нокаут рунда, но практично, домаќинот е тој што ќе има можност да бира противник затоа што „кариоките“ дуелот со Камерун ќе го одиграат во вечерниот термин. За да бидат најдобри во Групата Б, на Холанѓаните им одговара и нерешено затоа што имаат за погодок подобра гол - разлика.

И двајцата селектори најавуваат офанзивна и игра на победа затоа што не сакаат добрата форма да ја ставаат на искушение против петкратниот светски првак. Поради суспензија нема да игра Робин ван Перси, негова замена ќе биде или Мемфис Депај или Јан Клас Хунтелар, но постои варијанта да играат и двајцата доколку Луи ван Гал се реши да го одмори и Арјен Робен. Поради повреда неизвесен е настапот на дефанзивецот Бруно Мартинс Инди.

Дилемата на Хорхе Сампаоли е дали да ги поштеди двајцата играчи за врска, Артуро Видал и Чарлс Арангуис кои имаат мали повреди, но и по еден жолт картон. За една алтернатива предводникот на Чиле е сигурен, шанса би добил Карлос Кармона, за втората, ако има потреба, ќе одлучи пред мечот што ќе се одигра на Коринтијанс Арената во Сао Паоло.

Во единствената пресметка Холандија и Чиле одиграа 2:2 на Олимпијадата во 1928-та. Според традицијата и двете репрезентации имаат по единаесет меча со претставници на противничкиот континент со тоа што „Орање“ има два пораза, а  „црвените“ само два триумфа.